Местата во овој текст се доказ дека луѓето можат да се прилагодат на изолација, екстремни временски услови и да уживаат во најголемата награда недопрената природа која ги опкружува.
Ако во некои случаи ви е потребно некое време да ја разбистрите главата, одлична идеа е да посетите некои од овие места.
Ојмјакон
Малото село населено со 500 жители во Сибир се смета за најстуденото населено место во светот. Оваа титула ја освои во далечната 1933 година, кога температурата се спушти на 90 степени под нулата. Тука најмногу би уживале љубителите на месо, со оглед на тоа дека месото го сочинува поголемиот дел од исхраната, затоа што за каков било зеленчук и слични работи е едноставно нема услови.
Тристан де Кунја
Замислете си дека се наоѓате на место од кое најблиското место на запад е оддалечено 3.500 километри, а на исток 2.700 километри, на север повеќе од 4.000 км. а на југ ве чека Антарктикот. Токму така изгледа овој архипелаг, наречен „Освежувачки остров“. Оваа територија се уште се наоѓа во сопственост на Велика Британија.
Бароу
Невозможено е да се зборува за изолирани места, а да не се спомене Алјаска. Таму се наоѓа градот Баров, кој брои четири илјади жители и е најнаселено место во северниот дел на американскиот континент. Поради вечниот мраз патишта до градот не постојат, така што, за да дојдете тука морате да летате или да бидете многу добар планинар.
Велигденскиот Остров
Овој остров е населен се околу шест илјади жители и се наоѓа во средината на синиот Тихи Океан, а во целиот светот е најпознат по големите камени глави, кои се изработени многу одамна.
Свалбард
Сместен меѓу Норвешка и Северниот Пол, Свалдбард е остров на кој живеат нешто повеќе од две илјади среќници. Зошто среќници? Затоа што можат да уживаат во седум национални паркови и 23 резервати. Поларните лисици и поларните мечки исто така живеат тука, а во лето подгответе се за тоа дека нема никаква темнина. Мора да се признае, ниту во зима нема многу сонце.
Кејпјорк
Огромен дел на недопрена природа се наоѓа на северниот дел на Австралија. Се состои од тропски шуми, савани, пустини, а во него уживаат многубројни животински видови. На оваа огромна територија има место за сите, па така и за 18 илјади жители од кои поголемиот број го сочинуваат староседелците на Австралија, Абориџините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст




