Стружанец попладнево го загуби животот откако со својот автомобил паднал во Црн Дрим.
Според првичните информации, се работи за четириесет и осум годишниот Невзат М. Несреќата се случила околу 17:20 часот на патот Охрид-Струга, на влезот од Струга. Невзат од засега неутврдени причини паднал со својот автомобил во реката и се удавил кога автомобилот целосно се нашол под вода.
Жители на населбата велат дека тој се враќал наназад со автомобилот пред да падне во реката.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.