| четврток, 6 декември 2018 |

Пет најчести прашања за сексот за кои бараме одговор на интернет

Многу е лесно непријатните прашања да му ги поставиме на интернет пребарувачот.

mob

Интернетот донесе многу промени во нашите животи, а првата е секако лесен пристап до информации. Една од несомнените предности на интернетот е таа што непријатните прашања не мора да ги поставувате гледајќи го соговорникот во очи и плашејќи се од одговорот.

Интернет пребарувачот Јаху сакал да дознае што најчесто пребаруваат луѓето и, очекувано, најбараните прашања биле поврзани со сексот.

1. Дали жената може да забремени за време на менструација?

Ова е најпопуларното прашање за сексот и се пребарува повеќе од 50.000 пати месечно, а одговорот на тоа прашање е – ДА.

2. Дали може да се забремени и пред самата ејакулација?

Ова е второто најчесто прашање и одговорот исто така е – ДА. Репродуктивниот систем на секој маж се разликува и некои испуштаат мала количина сперма и пред да ејакулираат. Само еден сперматозоид е доволен за оплодување на јајце клетката, па секако користете заштита за време на сексот.

3. Дали херпесот може да се пренесе со бакнеж?

Уште едно прашање на кое често се бара одговорот, а тој гласи – ДА. Лекарите нагласуваат дека херпесот е лесно пренеслив со допирање, бакнување и сексуален контакт – што вклучува вагинален, анален и орален секс.

4. Зошто не можам да имам оргазам?

Ова прашање се поставува повеќе од 2.4 илјади пати месечно. Понекогаш причината за тоа е некоја траума, личен проблем, но најчесто стрес и лош однос кон здравјето. Сексуалните терапевти порачуваат да се опуштите и да почнете да размислувате позитивно. Помагаат и сексуални фантазии.

5. Зошто сексот боли?

Лекарите истакнуваат дека сексот не би требало да боли, а ако тоа е случај, тогаш некои од причините би можеле да бидат неискуство, страв, напнатост и недоверба во односот со партнерот. Ако проблемот не е од психичка природа, тогаш замолете го партнерот да биде понежен и користете лубрикант за да го намалите триењето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top