| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава ослободи 37 сириски христијани

Џихадистите од Исламска држава ослободија 37 сириски христијани, главно жени, пренесоа американските медиуми.

Hristijani-od-Bliskiot-isto

 

Ослободените се дел од групата од 200 Асиријци ( древно локално христијанско малцинство, кое го говори арамејскиот јазик), кои беа грабнати во февруари.

Асиријската мрежа за човекови права на Фејсбук посочи дека и натаму траат преговорите за ослободување на останатите 124 заложници. Организацијата објави снимки на ослободените, кои пристигнале во селото Тал Тамр, во провинцијата Хасака, населено главно од Асиријци.

Меѓу нив се 27 жени, а втората група заробениици се очекува да биде ослободена во понеделник, рече шефот на локалната хуманитарна организација.

Исламска држава во октомври егзекутира тројца Асиријци, и покрај тоа што пред тоа ослободи други по долгите преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top