| четврток, 6 декември 2018 |

Постпородилната депресија ги погодува и татковците

Широк е спектарот на емоции, кои мажите ги доживуваат кога ќе ја чујат веста за бременост на нивната партнерка, од среќа, преку возбуда, до нетрпеливост. Ретко кој маж ќе признае дека е тажен, но таа емоција е многу почеста отколку што мислиме, покажува истражувањето на канадскиот Унвиерзитет Мекгил.

tatko

Секој осми маж страда од депресија и состојба на необјаснива тага и страв за време на првата бременост на сопругата. Кај многумина оваа состојба се продолжува и по породувањето, затоа е многу важно да се согледа навреме. Меѓу ризичните групи спаѓаат мажите со проблеми со спиењето, што е особено важно, затоа што ако проблемите не се спречат навреме, голема е веројатност да се разбудат, имајќи предвид дека првите неколку години од раѓањето на детето и двајцата родителите страдаат од недостиг на сон.

Последните години почна да се зборува за постпородилна депресија кај жените, но ова истражување покажа дека низ слични емоции можат да поминуваат и мажите. Кај припадниците на посилниот пол депресијата главно побавно се развива. Додека кај жените се јавува веднаш по раѓањето на детето, кај мажите обично се појавува три до шест месеци подоцна. Симптомите се класични за депресијата, од губење апетит, тага, чувство на бесмисленост, но на болеста можат да укажат и промените во однесувањето, како пијанство, коцкање, преоптоварување со работа, па и влегување во афера.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top