| четврток, 6 декември 2018 |

Откажани 520 летови на вториот ден од штрајкот на стјуардесите и стјуардите во „Луфтханза“

Втор ден по ред штрајкуваат стјуардите и стјуардесите на германскиот авиопревозник „ Луфтханза“ (Lufthansa), принудувајќи ја компанијата да откаже околу 520 летови на кратките и среднодолгите маршути, пренесоа американските медиуми.

Lufthansa

Синдикатот „УФО“ (UFO) ги повика на штрајк своите членови, вработени на авионите „Ербас А320“ (Airbus A320) и „Боинг 737“ (Boeing 737) на главниот аеродром на „Луфтханза“ во Франкфурт. Штрајкот ќе трае 17 часа и освен Франкфурт ќе го опфати и аеродромот во Диселдорф.

Се очекува штрајкувачките активности да продолжат една недела, и да опфатат различни аеродроми. За утре (8 ноември), меѓутоа, нема планирани протести.

Штрајкот засега не ги зафати и фирмите ќерки на „Луфтханза“, како што се  „Јуровингс“ (Eurowings), „Германцингс“ (Germanwings), „Свис“ (Swiss) и „Остриен ерлајнс“ (Austrian Airlines).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top