– Никој нека не помисли дека ќе биде дадено името на Македонија. Македонија е грчка, Македонија е една, Македонија е натопена со крв и никој нема право да преговара за нејзиното име – изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.
Грчкиот министер ова го изјави во селото Горничево, во областа на Лерин, каде присуствуваше на одбележувањето на 103. годишнината од неговото ослободување.
Грчките медиуми деновиве го коментираа именувањето на објектот во кој се наоѓа Археолошкиот музеј во „Палата Александар Македонски“, опишувајќи го како провокација од македонска страна „само два дена после првата рунда разговори за градење мерки на доверба меѓу Грција и Македонија, која поминала во многу позитивна клима“.
Портпаролот на грчкото МНР Константинос Кутрас пред три дена изјави дека Грција има направено отстапки во преговорите за името и повика „да надвладее разумот во соседната и пријателска земја“.
Во исто време, грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, не пропушта да повтори дека „Македонија е грчка“, а неговите изјави се пренесуваат во сите локални медиуми, без никаков коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст