Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денеска извршија увид во градежните активности за изградба на новиот објект на основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“.
– Пред неполни два месеца бевме тука на поставувањето камен-темелник на овој објект, а денеска можам да констатирам дека се изведува со одлична динамика. Како што ме извести раководителот на компанијата изведувач на објектот, речиси 40 проценти од крупните градежни активности се во завршна фаза. Доколку послужат временските прилики, очекувам во наредниот период да се продолжи да се работи со зголемен интензитет и при крајот на 2016 година училиштето комплетно да биде завршено, изјави Ристовски.
Тој потсети дека училиштето се гради со средства од Министерството за образование и наука во износ од 75 милиони денари.
– Предвидено е во рамките на училиштето да има 15 училници и пет кабинети со што очекуваме комплетно да го задоволиме капацитетот на ученици кои гравитираат тука. Во моментов има околу 500 ученици, но уверен сум дека по изградбата на новиот објект на основното училиште „Невена георгиеве Дуња“ нивниот број ќе се зголеми, рече Ристовски.
Нагласи дека МОН и во наредниот период ќе продолжи со инвестициски активности за изградба и реконструција на училишни објекти насекаде низ Македонија.
Градоначалничката Беличанец-Алексиќ посочи дека изградбата на новиот училишен објект е на барање на граѓаните од овој дел на општината и додаде дека релизацијата на проектот била ветена за време на локалните и на парламентарните избори.
– Општина Кисела Вода паралелно со завршувањето на училишниот објект ќе се обиде да ја реконструира и постоечката училишна спортска сала. Веќе нарачавме проект за нејзина реконструкција и од сопствени средства во летниот период ќе се обидеме да ја обновиме и да направиме соодветен пристап до новиот училишен објект, рече Беличанец-Алексиќ.
Информира дека во моментов во тек е реконструкцијата и на основното училиште „Круме Кепески“ каде се одвиваат градежни активности за подобрување на енергетската ефикасност. Во соработка со УСАИД се менува покривот со површина од 1.800 метри квадратни, со средства од Цементарница УСЈЕ се реконструира фасадата со површина од 1.700 метри квадратни, а со средства на општина Кисела Вода се менуваат 118 прозорци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст