Денеска со почеток во 9 часот наутро, вработени во администрацијата и членови на Советот на Општина Карпош, на седум локации во Карпош 4, ќе одржат голема еколошка акција на зазеленување – садење на дрвја.
Акцијата која е во рамки на Денови на Општина Карпош, опфаќа садење на 300 садници дрвја, од кои 100 се зимзелени, и тоа 50 туи и 50 чемпреси, како и 200 листопадни дрвја, од кои 150 јасени и 50 паникулати. Во 9 часот на аголот помеѓу ул.„Партизански одреди“ и ул. „Љубљанска“ (спроти Сити Мол) Градоначалникот Стевчо Јакимвски ќе засади дрвја во еко акцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во време на мораториум до Влада се сечат дрва за да се креваат згради (галерија)(видео)
-
Двајца пешаци прегазени на улица во Карпош
-
Драма во маркет во Карпош: Разбојник нападнал една продавачката со електрошок, а двете колешки жестоко му возвратиле
-
ДОМ: Зошто Уставниот суд не постапува по пријавите за скандалозните ДУП-и во Карпош?