| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ги запре летовите од Русија до Египет

AP_sharm_el_sheikh_airport_01_mm_151105_16x9_992Рускиот претседател Владимир Путин нареди денеска сите патнички летови од земјата до Египет да бидат запрени, додека не бидат разјаснети причините за авионската несреќа на Синајскиот полуостров, изјави прес-секретарот на Путин, Дмитриј Песков.

Рускиот претседател ја издаде наредбата по советот од директорот на Федералната служба за безбедност Александар Бортников.

Путин исто така нареди на Владата да разработи механизам за исполнување на препораките на Националниот антитерористички комитет и за враќање на руските државјани од Египет во Русија. Тој уште побара да почнат разговори со египетските власти за гарантирање на безбедноста на летовите.

На одмор во Египет во моментов се наоѓаат околу 45.000 Руси, изјави денеска шефот на руската Федерална агенција за туризам Олег Сафонов.

Околу 40 отсто од нив се наоѓаат во реонот на Шарм ел Шеик, а останатите во Хургада.

Официјални извори од повеќе држави изјавија дека во рускиот авион веројатно била поставена бомба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top