| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се новите имиња на зградите покрај кејот

Палата “Борис Сарафов” е името на зградата на Министерството за надворешни работи. Деновиве на сите објекти од проектот “Скопје 2014” покрај кејот, поставени се бронзени табли на кои се напишани имињата на зградите, како и објаснување на македонски и на англиски јазик, кои се личностите по кои се крстени.

Така, покрај Министерството за надворешни работи, имиња добија и Археолошкиот музеј, кој се вика палата “Александар Македонски”, зградата на Јавното обвинителство отсега ќе се вика палата “Петре Пирузе – Мајски”, додека зградата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е крстена палата “Света Лидија”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top