Вчера во Лос Анџелес се одржа ВИП претставувањето на колекцијата на „Balmain“ и „Х & М“, која собра куп познати личности, не само од модна индустрија, но и од светот на музиката и филмот.
Иако вечерта црвениот тепих буквално беше преполн од познати личности, апаратите на сите фотографи беа насочени главно кон две ѕвезди, имено волшебно дуо мајка и ќерка Синди Крафорд и Каја Гербер.
Каја, облечена во спектакуларен мини фустан од оваа колекција, докажа дека со секој изминат ден се повеќе заличува на познатата мајка.
Сосема природно, огромната визуелна сличност меѓу Каја и Синди не остана незабележана од страна на модни дизајнери и главни уредници. Импресионирани од визуелното совршенство што Каја го има наследено од мајка си, модните диктатори ги отворија вратите во светот на модата за Гербер, уште кога таа беше на 10 годишна возраст.
Тогаш таа учествува во рекламната кампања за детската линија на „Версаче“, а до денес, на само 13 години, таа веќе снимала фото сесија за италијанскиот „Вог“, а неодамна склучи договор и со познатата агенцијата за модели „IMG Models“, од која кариерата ја започна светскиот модел и ТВ презентер, Тајра Бенкс.
Неодамна Синди призна дека би сакала кариерата на нејзината ќерка да се развива со побавно темпо, за да таа може да се наслади на детството. Крафорд несомнено е горда на успесите на својата наследничка, што се докажува и со нејзин пост на социјалната мрежа.
Синди на „Фејсбук“ објави кадри од фото сесија на Каја и напиша: “Подобро да си ги чувам грбот …”
А ние би дополниле дека тоа важи и за сегашните модели, Кара Делевин, Кендал Џенер… подобро да имаат едно на ум, се чини дека на хоризонтот се појавува нов супер модел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР(фото)