| четврток, 6 декември 2018 |

Што му прават на вашето лице шеќерот, виното, млекото и глутенот?

Кожата е огледало на здравјето и одраз на начинот на исхрана. Нездравата храна и нетолеранцијата на одредени производи се причинители  за појава на одредени кожни проблеми посебно на лицето.

Нигма Таиб е доктор кој го претставува овој инфографик кој ги открива последиците и обликот на четири типа на лица во зависност од тоа што консумирате и на кои производи вашиот организам е нетолерантен.

1. Вино

shekjer-gluten-vino-ili-mleko-shto-mu-shteti-na-vasheto-lice-001

Типични симптоми на лицата кои се нетолерантни на алкохол или го консумираат во големи количини се: нагласени брчки меѓу веѓите, проширени пори, дехидрирана кожа, црвенкасти образи и истакнати линии под носот.

2. Глутен

shekjer-gluten-vino-ili-mleko-shto-mu-shteti-na-vasheto-lice-02

Типични симптоми на лицата кои се нетолерантни на глутен се: потечени и црвени образи, акни и пигментација на брадата. Се претпоставува дека дури 15% од луѓето се чувствителни на глутен, а најчеста причина за појавата на отечено лице се воспалителните процеси во организмот.

3. Млеко

shekjer-gluten-vino-ili-mleko-shto-mu-shteti-na-vasheto-lice-03

Типични симптоми се потечени очни капаци, како и целото подрачје под очите, заедно со изразено темни подочници. Често се појавуваат и мозолчиња во подрачјето на брадата. Тоа значи дека сте нетолерантни да лактоза или на хормоните кои се наоѓаат во млечните производи.

4. Шеќер

shekjer-gluten-vino-ili-mleko-shto-mu-shteti-na-vasheto-lice-04

Кај лицата кои се чувствителни на шеќер најчесто се појавуваат брчки и линии на челото, потеченост во подрачјето под очите, сува и затегната кожа. Шеќерот содржи молекули кои се врзуваат за колагенот од кожата и токму затоа истата ја губи својата еластичност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top