| четврток, 6 декември 2018 |

Украдената фотографија пронајдена во Менада

Фотографијата што во петокот беше украдена од изложбата на Димитар Апостолов е пронајдена во кафе-клубот Менада во Стара Чаршија. Апостолов денеска бил контактиран од страна на персоналот во скопскиот локал и информиран дека неговата фотографија е пронајдена на терасата, свиткана во ролна и без рамка.Фотографијата беше дел од изложбата „Афтер“, што во петокот се отвори во фоајето на кино Фросина во МКЦ. Поставена беше пред женскиот тоалет, по барање на авторот. Изложбата доживеа голема посетеност, па затоа исчезнување на оваа фотографија беше подоцна забележано, а уште потешко беше да се претпостави кој го сторил тоа.Тимот кој работеше на организацијата на изложбата му се заблагодарува на „позајмувачот“ на фотографијата и за проработување на неговата совест и се надева дека рамката ќе го краси неговиот ѕид со друга неукрадена туку чесно купена фотографија.

Воедно, се заблагодаруваме на тимот на МКЦ за несебичната техничка и просторна поддршка за финало претствување на оваа изложба и нејзинот реализирање.

На самото отворање 40 минутен музички перформанс остварија Сашко Костов, Сецко Сеад Хаџиќ, Игор Стојановски, а потоа и диџеј сет на Теа Шалдева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top