| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов го поздрави финализирањето на договорот од Пржино

иванов

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ја поздрави искажаната волја од страна на лидерите на политичките партии и постигнатата согласност во насока на спроведување на Договорот од 2 јуни и Протоколот од 15 јули.

Во писмената изјава, претседателот Иванов повикува договорените решенија да бидат доследно спроведени и што е можно поскоро сите политички актери целосно да се посветат на европската и евроатлантската агенда на Република Македонија.

– Резултатот од разговорите на лидерските средби е уште еден доказ дека дијалогот е единствениот начин преку кој можат да се надминат сите предизвици и сите отворени прашања. Сите треба да извлечеме поука од оваа епизода и во иднина сите предизвици да ги надминуваме со политички дијалог во институциите на системот, со целосно и безусловно нивно почитување – истакнува претседателот Иванов во писмената изјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top