Европската комисија предмалку ја обзнани првата реакција по синоќешното успешно усвојување на најтешките точки од договорот од јули/јуни што стави крај на политичката криза во Република Македонија. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, со оглед на тоа што останува синоќа-договореното да се усвои во македонското Собрание, официјален Брисел е задоволен, но внимателен и ќе очекува договорот за Влада, за Изборниот законик и за законот за „свиркачите“ во Македонија најпрво да ја мине законската процедура.
– Ние разбравме дека партиите се блиску до договор. Ги охрабруваме сите партии да ги направат потребните преостанати чекори во поглед на имплементирање на обврските од договорот од јуни/јули. Ова е исто важно во котекст на претстојниот прогрес-извештај, изјави за МИА Маја Коцијанчич, портпарол на Еврокомисијата.
Како што е познато, ЕК во вторник ќе ги објави годишните извештаи за напредокот на земјите од процесот на проширувањето на Европската унија, при што за Македонија, после синоќешниот договор, се очекува да има седма последователна препорака за отворање на пристапните преговори, со услов за целосна имплементација на договорот од јуни/јули, заклучно со успешно организирање и одржување на предвремените парламентарни избори во април идната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк
-
Последната порака на Милан ја леди крвта – само еден месец потоа загина со жената!
-
ЕК бара од осум членки на ЕУ да преземат мерки против перењето пари
-
„Те молам немој да се размножуваш“, порака на шофершајбна која стана хит на социјалните мрежи