| четврток, 6 декември 2018 |

„Кралевите“ со подршка до Бензема: Уверени сме во невиноста на нашиот фудбалер

Карим Бензема утринава го напушти притворот во Франција и со приватен авион се врати во Мадрид каде веднаш се сретна со претседателот Флорентино Перез и по неколку часови разговор зад затворени врати, се упати во тренинг центарот каде одвоен од своите соиграчи продолжи со тренинзите поради повредата.
Во овој тежок период за Французинот во кој е обвинет за уцена на својот репрезентативен колега Матие Валбуена, тој доби целосна подршка од Реал Мадрид кој е уверен во „тоталната невиност“ на фудбалерот.

– Карим Бензема продолжи со тренинзи во нашиот тренинг-центар откако даде изјава пред француските власти во градот Версај. Претседателот Флорентино Перез имаше средба со фудбалерот на која му искажа целосна поддршка и верба дека Бензема е тотално невин во целиот случај – се вели во официјалното соопштение на најтрофејниот европски клуб.

Бензема се уште се мачи со незгодна повреда, па скоро сигурно е дека тој ќе го пропушти претстојниот дерби дуел против Севилја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top