Пораката на Нимиц е дочекана во јавноста како уште една бомба на политичкиот фронт во државата. Не толку поради неочекуваната искреност на медијаторот и поради подготвеноста на властите во двете земји конечно да се затвори ова прашање, колку од опасноста да се упропасти евентуалниот моментум од страна на оние кои не му мислат добро на македонскиот народ.
Опозицијата веќе почна организирано, преку медиумите под нејзина контрола и преку опозициските аналитичари, да спроведува кампања во која од пораката на Нимиц се чита дека Груевски наводно го продал името. Соросовите медиуми шпекулираат со различни варијанти и теории на заговор кои во иднина, дури и само делумно да се реализираат, ќе остават простор за нови, уште позасилени манипулации од страна на опозицијата, што ќе доведе до нови делби кај македонскиот народ по ова чувствително прашање.
Сценаријата се подготвени, се чека реализација. А, се навестува дека Груевски за СДСМ веќе е главниот виновник во сите варијанти. Ако го одбие предлогот на Нимиц, тогаш премиерот ќе остане виновникот во очите на опозицијата кој ги кочи напредокот и просперитетот на државата. Ако пак, успее да најде решение кое ќе биде ставено на референдум, тогаш на него опозицијата ќе фрла дрва и камења дека „го продал името“.
Но, во сценаријата опозицијата ја заборава улогата на народот. Крајниот збор во сите варијанти ќе го имаат граѓаните кои сигурно нема да дозволат решение на штета на македонскиот народ. Народот нема да тргува со вековното наследство, со културата и со идентитетот за да спаси ничија кожа. Ниту на Груевски, ниту на Заев, ниту на кој било друг што ќе се најде во позиција да преговара за ова прашање.
Ако Груевски одбие предлогот на Нимиц да го стави на референдум, јасно е дека и понатаму ќе биде обвинуван за намерно кочење на евроинтеграциите. Но што ако премиерот остави за предлогот да одлучува народот? Кој ќе биде тој јунак во опозицијата што тогаш ќе ги убеди граѓаните да прифатат ново име за кое истите тие опозиционери сега тврдат дека е „испазарено“ за некаква амнестија на премиерот? Во тој случај, наместо да излеземе од ќорсокакот, ние уште повеќе ќе заглавиме во проблемот, а референдумот ќе пропадне пред да се случи. Ова остава сомнеж дека Заев и опозицијата свесно го минираат решението на проблемот, или во најмала рака, планираат одлуката да биде политичка, а со тоа да се заобиколат граѓаните.
Доколку опозицијата навистина сака да се искористи шансата што ја најави медијаторот, ако искрено има намера да ги заштити името и идентитетот на македонскиот народ, и со тоа јасно да ги отфрли обвинувањата дека овој проблем не го користи за ситно партиско профитирање, треба уште веднаш да побара со договорот од Пржино да се гарантираат уставното име, непроменливоста на Уставот во случај на решение за името и заштитата на националниот идентитет и културното наследство на македонскиот народ.
Со тоа македонските политичари ќе испратат јасен сигнал до грчката страна дека и во време на политичка криза во државата, политичарите во земјата се доволно свесни и зрели и дека стојат зад националните интереси.
Исто така, Заев и пред македонскиот народ ќе покаже дека е подготвен да застане во одбрана на националните интереси и дека нема да дозволи какви било заткулисни игри (дури и на премиерот, со кои би се обидел да се извлече од некаква кривична одговорност). Ова е шанса за лидерот на опозицијата да ги покаже на дело црвените линии на неговата партија и да докаже дека СДСМ е неоправдано обвинувана дека повеќе работи во интерес на Атина, отколку за доброто на македонските граѓани.
Во спротивно, доколку Заев не преземе ништо од ова, тогаш неговите обвинувања во иднина ќе бидат беспредметни. Тогаш ќе стане јасна неговата улога во сценариото и со право ќе се смета за најодговорен за штетите што ќе бидат нанесени врз македонскиот народ.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Помирување, со цел промена на името и Уставот на Република Македонија, не е прифатливо
-
Заев за грчки „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори