| четврток, 6 декември 2018 |

Телефонски разговор главен доказ во случајот против Бензема: Не грижи се, ќе плати!

valbuena i benzema

Францускиот интернационелец Карим Безема сеуште се наоѓа во притвор во Франција откако утринава од истражен судија му биле презентирани докажи по кои морал да го признае делото и вмешаноста во случајот на неговиот репрезентативен колега Валбуена.
Бензема со уште неколку луѓе го условувал Валбуена за наводна вмешаност во секс-скандал за кој постоела и снимка. Сепак Валбуена се одлучил целиот случај да го пријави во полиција која почнала истрага за случајот. Откако се скрати кругот на осомничени одекна името на Карим Бензема кој се наоѓа во притвор веќе два дена.

Бензема од почетокот на истрагата не давал отпор, признал што се случило, но најверојатно поради тоа што претходно бил предупреден дека постојат докази за тоа што го направил, односно снимен телефонски разговор меѓу него и друго осомничено лице од групата.

– Не грижи се, нема избор. Ќе го уверам во тоа и ќе плати – се зборовите кои ја шокираа Франција бидејќи членот на Реал Мадрид отсекогаш уживал посебен статус и бил сметан за еден од најдобрите фудбалери во земјата, без разлика на повремените критики поради слаба форма.

Уцената наводно се случила пред еден месец во кампот на француската репрезентација во подготовките за пријателските натпревари на оваа земја со со Ерменија и Данска. Кога “преговорите” меѓу Бензема и Валбуена завршиле, 28-годишниот напаѓач му се јавил на својот пријател од групата и му рекол дека работата ќе биде завршена.

Ако биде прогласен за виновен, Бензема може да добие затворска казна од пет години, но целиот случај веројатно ќе се одрази врз неговиот статус во Реал Мадрид и нема да биде чудно ако веќе во јануари добие отказ или биде продаден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top