Динија Расул имала тешка незгода кога си ја бојадисала косата во црвена боја. Неколку часа по бојадисувањето очите и лицето почнале да и отекуваат, а набрзо потоа не можела да зборува ниту да дише.
Три години подоцна таа решила повторно да ја бојадиса косата, но овој пат употребила друга фарба. За жал, тоа не и помогна многу, привремено ослепела и морала да биде однесена во болница.
Та тогаш открила дека е алергична на фенилендиамин (ППД), производ кој е составен дел на боите за коса.
Денес, младата жена се спротивставува на продажбата на овој штетен производ и сака тој да биде забранет во Велика Британија.
Таа повикува на внимание кај сите жени кои користат или планираат да ги користат овие производи.
-Бидете внимателни кога се прашање потенцијалните алергии од користење на козметички производи – апелира Динија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)