Порталот “HowToGeek” изврши тестирање со помош на специјална направа и доби конкретни податоци за тоа колку струја трошат полначите кои „ги забораваме“ вклучени во штекерот.
Момците од “HowToGeek” го вклучија мерниот инструмент врз штекерот, а потоа на него ги ставија полначите. Мерниот инструмент без полначите покажуваше 0W, но откако на него беа тестирани неколку полначи, веднаш покажа потрошувачка на електрична енергија од 0,3W. Седум полначи (iPhone, iPad, Android, Nintendo 3DS, Windows, MacBook и Chromebook ) според овие пресметки, кога ќе ги оставиме вклучени после полнењето на нашите уреди, за една година трошат вкупно 3,268 kWh електрична енергија.
Секако, безразлика на тоа што не трошат многу струја, сепак, логично е да ги исклучиме од штекер откако ќе го наполниме нашиот уред – од безбедносни причини, како и поради заштедување на електрична енергија.
Некои претходни истражувања покажале дека град со 100 илјади жители би можел цел месец да се снабдува со електрична енергија доколку сите полначи на светот се исклучуваат после полнењето на телефоните, таблетите, лаптопите и другите уреди на батерии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.