| четврток, 6 декември 2018 |

Сценариото за филмот „Кукавици” претставено на американскиот режисер Боби Рот

Сценариото за краткометражниот филм „Кукавици“, на режисерот и сценарист Небојша Јовановиќ, кое се занимава со настаните од конфликтот во 2001 година, е претставено пред истакнатиот американски режисер Боби Рот за време на форум во Атина.

Режисерот Рот, кој работел на некои од водечките светски серии, како „Лост“, „Фринџ“, „Менталист“ и „Криминални умови“, е ментор на работилницата во Атина, каде што се претставуваат идеи за сценарија за серии и филмови.

Сценариото „Кукавици“ беше покането во Атина како едно од 10-те најдобри сценарија на форум одржан во Драма. Јовановиќ, кој неодамна ја имаше македонската премиера на краткометражниот филм „Незрели цреши“, исто така со тематика од конфликтот од 2001 година, вели дека е многу извесно дека италијанскиот продуцент Габриеле Оричио ќе работи во овој проект како копродуцент.

Оричио пројавил интерес за екранизирање на проектот „Кукавици“ уште за време на филмскиот фестивал во Драма во септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top