Шведска повеќе не може да гарантира места за прием на бегалците, кои пристигнуваат во земјата, изјави министерот за правда и за миграција Морган Јохансон.
Тој наведе дека главниот проблем е тоа што бројот на кандидатите за азил расте побрзо отколку што властите се во состојба да организираат места за нив.
– Шведска повеќе не може да гарантира места за сите пристигнати. Оние кои ќе пристигнат може да се соочат со веста дека нема каде да бидат сместени, наведе Јохансон.
Шведската агенција за миграција прогнозира дека годинава во земјата ќе пристигнат 190.000 кандидати за азил и оти ќе бидат потребни речиси две години да се обработат сите молби за азил.
– Бегалците треба да решат дали ќе останат во Германија, каде има домови или да дојдат во Шведска, посочи Јохансон.
Шведска која има 9,8 милиони жители, досега примила 120.000 мигранти, што е највисок процент според бројот на жиутели во Европска унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.