Околу 6 часот утрово на патниот правец Охрид – Кичево, меѓу селата Требеништа и Мешеишта се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички возила – „форд“ со скопски регистарски таблички и „Мазда“ со австриски таблички.
– Во сообраќајната незгода полесно се повредени две лица, кои се згрижени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св. Еразмо“ и се надвор од животна опасност – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
До сообраќајната незгода дошло кога патничкото возило „мазда“, поради невнимание, преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во другото возило
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.