Есента е полн ек, а на улиците можеме да видиме најразлични модни комбинации.
Џинс, милитари зелена, бајкерски јакни, карирани кошули, слоевито облекување доминира на улиците, но доколку малку подобро погледнеме во морето на стилизираните жени може да препознаеме дами кои уживаат во елегантни и класични модни комбинации.
Џемперите се неизоставен дел од есенскиот стил. Можете да ги носите со фармерки и панталони, а можете да направите и некои мошне модерни комбинации со здолништа. Плетените фустани се исто така интересно парче со кое можете да изгледате модерно, особено ако ги комбинирате со високи џизми од антилоп. Не заборавајте на капутите со едноставен крој, шаловите и капите како и избор на бои со кои ќе го оставите својот моден впечаток во сивото есенско секојдневие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.