| четврток, 6 декември 2018 |

„Мој термин“: Бројот на пациенти се зголемил за 4,5 отсто

Податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој термин“ покажуваат дека од 1 јануари годинава до денеска во системот се креирани 20.421.818 рецепти за 1.214.157 пациенти, од кои 17.093.223 биле подигнати од аптека.

moj

Од „Мој термин“ соопштија дека во 2014 година во истиот период биле креирани 18.615.299 рецепти за 1.162.003 пациенти, од кои 15.901.795 биле подигнати од аптека, што покажува дека годинава бројот на пациенти се зголемил за 4,5 отсто, а бројот на подигнати рецепти за 7,5 отсто.

Како илустрација посочуваат дека пациентка на 51-годишна возраст годинава подигнала 283 лекови од аптека.

Кај специјалистичките упати во 2015 година се забележува пораст од 6,3 отсто на бројот на прегледани пациенти во споредба со 2014 година, односно до овој момент биле прегледани 975.042 пациенти во споредба со 2014 кога биле прегледани 917.083 пациенти.

Системот „Мој термин“ е интегриран со над 60 софтверски компании, во овој момент има над 12.000 корисници, и се формирани 1.746.229 електронски здравствени картони, односно за 87 отсто од граѓаните во Република Македонија е креиран електронски здравствен картон.

Системот овозможува секој пациент да има пристап до сопствениот електронски здравствен картон во било кое време и за него треба само да поднесе барање кај својот матичен доктор. „Мој термин“ е централизиран online систем кој овозможува во реално време добивање податоци за здравствените услуги кои континуирано се обезбедуваат за пациентите, стои во соопштението од „Мој термин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top