Непознат сторител вчера попладне меѓу 15.00 до 19.30 часот извршил кражба на Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
МВР соопшти дека крадецот најверојатно со возило влегол во кругот на Клиничкиот центар и дошол до Клиниката за инфективни болести, каде што со употреба на погоден алат ги пресекол металните прачки од заштитната метална решетка на прозорецот од благајната, влегол внатре и го украл сефот, по што заминал во непознат правец. Според првичните сознанија на полицијата, во сефот имало 16.000 денари, банкноти и кованици во разни апоени од поранешна СФРЈ, три картички од по 5.000 денари за точење гориво во „Макпетрол“, фискална каса, магнетна картичка за влез во Клиниката и беџ за идентификација на име на Р. Д. и други предмети.
Вкупната шета што ја предизвилак крадецот се проценува на околу 86.000 денари. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)