СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава за З.С.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи. Од страна на Судија на претходна постапка, на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Единицата за недозволена трговија со дрога, по предходно добиеното сознание дека непознато лице од населба Ново Лисиче во својот дом неовластено произведува и поседува синтетички дроги што ги подготвува и пакува за улична продажба, презеде интензивни мерки и активности за утврдување на идентитетот на лицето и потврдување на добиените сознанија. Од преземени мерки утврден е идентитетот на лицето што се занимавало со неовластено призводство на синтетички дроги.
Од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога на 3.11.2015 година со наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени 86 таблети мешавина од психотропни супстанци амфетамин и MДMA, 76,78 грама анфетамин во прашкаста форма, спакуван во една полиетиленска кеса, 21,89 грама, анфетамин во прашкаста форма, спакуван во 24 полиетиленски пакувања за улична продажба, 31,47 грама канабис сатива, спакувана во 17 зипер кесички за улична продажба, 4,67 грама семки од истото растение и едно пакување Неоситол 10% со маса од 6,78 грама, Левамизол, медикамент кој се користи во ветерината за лекување на цревни паразити кај големата стока, а во недозволеното производство на синтетички дроги служи за зголемување на масата на дрогата, рачно направени преси и цилиндри на кои има изработени логоа за втиснување и седум патрони за ловечка пушка. Пронајдените предмети се одземени и дадени за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.