| четврток, 6 декември 2018 |

Универзумот испраќа знаци: Доколку почнат да ви случуваат овие работи тогаш сте тргнале на лош пат

Универзумот ни праќа многу знаци кои нè известуваат дека сме на прав пат и уште поважно, кои нè предупредуваат доколку сме тргнале по погрешниот.

karma

Овие знаци се показатели дека вашата енергија моментално е заглавена или се движи кон ниските фреквенции.

Исто така, кога вашите мисли, чувства и дела се одвиваат на висока вибрација, нештата едноставно паѓаат на своето место. Вие ќе имате совршен тајминг и среќни околности кои ќе ве следат во текот на целиот ден. Токму затоа и важно е да ја насочите вашата енергија кон повисоките фреквенции преку свесното одбирање позитивни мисли и емоции. Имајќи го тоа на ум, често се случува луѓето да заглават на погрешен пат, без да бидат свесни за тоа и како резултат да налетаат на непосакувани околности, но тоа е сосема во ред. Доколку ги послушате овие знаци на предупредување, тогаш брзо ќе можете да се вратите на вистинскиот пат.

pozitivno_zivljenje-8

  1. Набиени, исечени или скршени прсти
  2. Заглавување во голем сообраќаен метеж
  3. Примање негативни, нечисти и злобни забелешки од другите луѓе
  4. Физички повреди
  5. Неочекувани големи трошоци или сметки
  6. Непријатни инстинктивни чувства во стомакот
  7. Караница со најблиските
  8. Болест
  9. Силна главоболка
  10. Губење или кршење вреден имот
  11. Непријатни миризби, звуци или вкусови

srecne-1374860166-8990

Секој од овие знаци е предупредување дека треба да се фокусирате и да ја прилагодите својата фреквенција. Кога ќе наидете на некој од овие знаци на предупредување, престанете со тоа што го правите. Немојте да продолжите да работите на таа задача, да разговарате на таа тема или да бидете опседнати со мислите кои сте ги имале бидејќи на тој начин нема да пристигнете онаму каде што навистина сакате да бидете.

Feng-sui

Наместо тоа, земете длабоко воздух, направете еден чекор напред и одвојте неколку минути да размислувате и медитирате, ако сте во можност. Доколку ги препознавате овие предупредувачки знаци вие треба брзо да делувате, бидејќи со едноставниот чин на отстапување и центрирање себеси вие можете да го сопрете тој негативен замав. Од друга страна, немојте ни премногу да се опседнувате со овие знаци, бидејќи тие постојат само како „стоп знак“ во вашиот живот, предупредувајќи ве повнимателно да продолжите понатаму.

feng-shui-1364397702-353

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top