Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија утре (6 ноември) настапува на манифестацијата „Караманови средби“ што по 42. пат се одржува во Радовиш, во чест на македонскиот поет и револуционер Ацо Караманов. Во Домот на културата во Радовиш со стихови ќе се претстават истакнати поети, од различни генерации, и тоа: Стојан Тарапуза, Борче Панов, Трајче Кацаров, Виолета Танчева Златева, Ресул Шабани, Раде Силјан, Вања Изова Велева, Бранко Цветкоски, Зоран Пејковски, Христо Петрески, Братислав Ташковски, Ерол Туфан, Веле Смилевски, Јовица Илиќ, Миле Јовановски Поречанец, Паскал Гилевски и Наташа Василевска Трајчевска. На средбата ќе учествуваат и поети од Турција, Словенија, Србија и Бугарија.
Во рамките на манифестацијата „Караманови средби“ ќе биде изведен перформансот „Псалмите за Лили“, по стихови од Ацо Караманов, со учество на актерот Владо Јовановски, а со изложба под наслов „Спокој и неспокој“ ќе се претстави ликовниот уметник Коле Манев.
Меѓу повеќето програмски сегменти, на манифестацијата во Радовиш е предвидена и промоција на стихозбирката „Решетки и други заблуди“ од Христина Цветаноска, добитник на наградата „Караманов“ на конкурсот за книга од млад автор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст