| четврток, 6 декември 2018 |

Сонцето останува и за викендов

Esen niz svetot (4) (Custom)

Трендот на сончево и релативно топло време ќе продолжи и за време на претстојниот викенд. Според Метеопро недела за разлика од сабота ќе биде само малку поветровита, и тоа во северниот дел на повардарието. Околу пладне во недела во северниот дел од земјата се очекува мало зголемување на облачноста.

Наутро низ котлините се очекува минимална температура која воглавно ќе има вредности околу 0°С.

Преку ден пак, во сабота се очекува температура со максимална вредност од 15°С до 17°С низ низините во источниот крај, како и долж северниот дел на повардарието. Малку потопло се очекува во јужниот повардарски регион, околу 19°, додека нешто посвежо ќе биде во југозападниот регион, околу 14°С.

Недела во однос на сабота ќе биде малку потопла.

Повеќе на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top