| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштен во употреба нов детски парк во радовишкото село Злеово

Во радовишкото село Злеово денеска свечено беше пуштен во употреба нов детски забавен парк, во рамки на одбележувањето на 71. годишнина од ослободувањето на градот Радовиш.

Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов нагласи дека досега општината има изградено десет детски паркови, во кои се поставени модерни реквизити за забава на децата и клупи.

Следната година планирано е од буџетот на Општина Радовиш да се изградат нови улици во горниот дел на селото, изградба на плоштад и фонтана и нови тротоари до училишната зграда.

По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Радовиш вечерва во Центарот за култура „Ацо Караманов“ ќе биде отворена изложба на носии од радовишкиот регион, а во 20 часот ќе се изведе театарската претстава „Радовишки лаф муабети“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top