| четврток, 6 декември 2018 |

Абу Сајаф бара откуп од 63 милиони долари за тројца киднапирани странци

Милитантната исламистичка група Абу Сајаф денеска објави видео порака во која за ослободување на тројца заложници, двајца од Канада и еден од Норвешка, бара откуп од по 21,3 милиони долари.

abu sajaf

 

Во спротивно, групата, која како милитантното крило на муслиманите од југот на Филипините и Малезија важи за огранок на Ал Каеда, ќе ги обезглави странците, кои беа киднапирани кон крајот на септември.

Во видео порака, еден од киднапираните, 68 ­годишниот Џон Ридсдел. драматично апелира канадскиот премиер да обезбеди пари за откупот. Ако не се плати откупот, вели тој, речиси е сигурно дека тројцата ќе бидат обезглавени.

Припадниците на групата Абу Сајаф најчесто обезбедуваат финансиски средства со киднапирање на странци кои со јахти крстосуваат околу југот на филипинскиот архипелаг, како и богати бизнисмени од Филипините и Малезија.

Тие во политичката платформа нагласуваат дека се подготвени да прогласат калифати во делот на Филипините каде што муслиманите се доминатно население и во подрачјата на северна Малезија.

Филипинската армија, со поддршка на американското воздухопловство и морнарица од јули наваму е во постојана потера по борците на Абу Сајаф. Досега во престрелки и поставени заседи загинаа педесетина филипински војници, а загубите на исламските бунтовници не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top