Жените често за смирување си споделуваат и уште почесто лажат за работите кои ги зборуваат. Еве кои се најчестите лаги, кои речиси секогаш се поврзани со мажите:
1. Тој не вреди
Понекогаш навистина е така, но бидејќи таа е одбиена … нема како да дознае дали е така.
2. Добро изгледаш
Што во краток превод значи „Не се враќај да се пресоблечеш, немам трпение да те чекам“.
3. Тој ќе ти се јави
„Појма немам дали ќе ти се јави, ама дај да ја смениме темата, дека ми досади да слушам за него.“
4. Таа не е толку кул како тебе
Новите девојки на поранешните момчиња, непознато како, но секогаш изгледаш „полошо“ – женска солидарност, претпоставуваме …
5. Доаѓам за 5 минути
Тоа најверојатно значи половина час, но жените сфаќаат и за разлика од мажите, не очекуваат 5-те минути, да се навистина толку.
6. Не сум вљубена во него
Тоа значи: „Не можам да јадам, да спијам и да правам ништо друго освен да мислам на него. Сакам да се венчаме утре.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.