Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ја најавува својата нова акција „Нова година доаѓа порано!“, која ја организира по повод објавувањето на „Жените на Лазар“, стотата книга од едицијата „Бранови“, а двесте и педесеттата во вкупната продукција. Од 1 ноември „Антолог“ му подарува сто денари бонус на секој купувач во Книжевниот центар и подарок стотата книга за сметка над илјада денари.
– Во нашиот продажен простор Нова година доаѓа порано, односно уште во ноември, кој го посветуваме на малиот јубилеј во едицијата „Бранови“, која, како што сме споменале многупати досега, важи за омилена кај нашата читателска публика. Објавувањето на прекрасниот роман „Жените на Лазар“ од руската писателка Марина Степнова за нас е навистина значаен настан, па сакавме да го прославиме со своите посетители. Поради тоа, решивме овој период да биде во знакот на бројот сто – така, сите купувачи ќе добијат сто денари попуст на своите сметки, а оние што ќе ја надминат сумата од 1.000 денари ќе ја добијат и оваа вредна книга на подарок – соопштуваат од „Антолог“.
„Жените на Лазар“ од Марина Степнова, е едноставен роман за едно семејство што ја одразува историјата на цела епоха. Книгата донесува потресна трагедија, бајка, метафоричност, длабоки психолошки портрети, како во класичните руски романи. Секоја страница во неа – страниците за мирот и за војната, за науката, за создавањето на атомската бомба, за балетот – всушност се страници за љубовта.
Делото е добитник на наградата „Големата книга“, највредната книжевна награда по Нобеловата. „Жените на Лазар“ е објавена со поддршка на Институтот за книжевни преводи од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст