Операцијата на руските ББЦ во Сирија ќе продолжи сѐ додека армијата на претседателот Башар Асад не заврши со акциите против терористите, изјавил синоќа заменикот-министер за одбрана на Русија Анатолиј Антонов пред учесниците на средбата на АСЕАН.
– Акциите на ВВС на Русија во Сирија се апсолутно легитимни, нагласи Антонов. Руската авијација не нанесува удари врз т.н. умерена сириска опозиција и акциите се само против терористите – нагласил тој.
Руските сили успеале да ликвидираат десетици командни места и складишта со муниција, стотици терористи и голема количина воена техника, тврди Антонов.
– На страната на Исламска држава има меѓу 25 илјади и 30 илјади странци вклучително и од Русија. Ако тие се вратат во родните места, ќе пропагираат радикални идеи или ќе станат организатори на диверзии -изјавил Антонов и додал дека една од главните задачи е да не се дозволи тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.