| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку тројца полицајци се убиени во самоубиствен напад на Синајскиот Полуостров

Најмалку тројца полицајци се убиени денеска во самоубиствен напад на Синајскиот Полуостров, јави БТА.

sinaj

Одговорноста за нападот ја презеде египетскиот огранок на групацијата „Исламска држава“, кој во саботата објави дека стои и зад уривањето на рускиот авион, во кое загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.

Бомбашот-­самоубиец ја активирал автомобил­-бомбата пред полициска станица во Ал Ариш, главниот град на провинцијата Шамал Сина (Северен Синај), каде што армијата се судира со ИД и каде што во саботата се урна рускиот авион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top