Сезоната на настинки и вируси полека ни се приближува, па сега е идеална прилика на време да се заштитите на природен начин и да го зајакнете вашиот имун систем.
Оваа вкусна мешавина полна со витамини се прави лесно со состојки кои можете да ги купите во најблиската продавница за здрава храна или на пазар.
Секако, доколку имате можност, користете домашни производи.
Потребни состојки:
– 100 грама суви кајсии, 50 грама аронија, 100 грама суви смокви, 200 грама суви сливи, 1 среден корен ѓумбир, 10 мл сок од свеж лимон, 100 грама бадеми, 100 грама ореви, 50 грама лешници или фстаци, 50 грама брусница, 3 лажици мед со прополис и матичен млеч, 250 грама мед.
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во стаклен сад, а сливите, кајсиите и смоквите исецкајте ги. Лешниците, бадемите и оревите посебно сомелете ги. Сето тоа измешајте го, додајте лимонов сок и ѓумбир кој претходно сте го исчистиле и изрендале. Прелијте со мед и испасирајте со миксер.
Мешавината ставете ја во стаклена тегла и оставете да постои неколку дена пред да почнете да ја употребувате. Витаминската бомба можете да им ја давате и на деца, постари од две години по една кафена лажица наутро, а на постарите, во зависност од возраста, можете да им давате и малку поголема лажица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.