Најголемата швајцарска банка УБС е под истрага поврзана со коруптивните активности во ФИФА.
Минатата недела беше започната истрага и против Кредит свис банката за исти такви сомнителни активности поврзани со можно перење пари од коруптивните зделки на некои функцинеро од Светската фудбалска асоцијација.
– Во УБС има истрага, се проверуваат сметките на ФИФА, други фудбалски федерации, органи од организацијата како и сметки на поединци, соопштија од банката.
Швајцарските закони налагаат банките да ги пријават сите сомнителни сметки и трансакции.
Американските и швајцарските власти во мај соопштија дека водат истрага против 14 функционери на ФИФА за корупција тешка 150 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.