Покрај редовната посета на гинеколог и практикување на сигурен секс, постојат неколку основни правила кои мора да ги следите кога станува збор за здравјето на вашата интима.
1. Лубрикант
Секогаш кога не сте доволно навлажнети пред сексуалниот одност, користете лубрикант. Покрај тоа што „сувиот“ секс е болен, кожата во вагината на тој начин се иритира.
2. Храна
Joгуртот го зголемува присуството на добрите бактерии во вагината, што е одлично за спречување на габични инфекции. Ако патите ов сувост таму долу, употребувајте производи со соја, како соино млеко или тофу.
3. Памук
Секогаш носете памучна долна облека и така спречетего размножувањето на бактериите и на инфекциите.
4. Сапун
Сапунот треба што помалку да се користи на интимните делови, бидејќи ја суши кожата. И само топла вода е доволна за твојата вагина да биде чиста. Сапунот треба да е безмирисен и пх-неутрален. Секогаш добро исплакнете се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


