Вкупно 50 краткометражни филмови, од нив седум за детската публика, aнимиран филм. „Анимакс Скопје фест“ од петти до осми ноември. Филмски дела избрани во конкуренција на 427 анимации од 56 земји во светот. Киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар и Кинотеката на Македонија ќе бидат центарот за љубителите на анимацијата. Годинава во ревијалниот дел ќе бидат прикажани и долгометражни анимирани остварувања.
Фестивалот за анимирани филмови е поддржан од Агенцијата за филм и Град Скопје. Голем дел од филмовите кои се борат за „Златна тула“, се носители на престижни награди – победници на фестивали од А категорија.
„Анимакс Скопје фест“ е прв и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија. Целта е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст