Азил на одредено време договори австриската влада. Со ова решение што ќе стапи во сила од средината на овој месец и азилантите тој статус ќе можат да го имаат максилано три години.
Новите правила, кои ќе бидат применети при одлучување за молбите за добивање азил во Австрија ќе бидат применети од 15 ноември.
Доколку ситуацијата во земјата на потекло на азилантите во периодот додека трае дадениот азил на одредено време се стабилизира бегалците би морале да ја напуштат Австрија.
Дури по истекот на тие три години ќе биде утврдено дали и натаму постојат причини за азил и дали азилот ќе биде доделен на неограничено време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.