Општина Карпош постави 40 тезги за продажба на зелка во село Бардовци, кои ќе ги даде на привремено бесплатно користење на продавачите на овој зеленчук.
Со поставените тезги, според општината, традиционалната продажба на зелката во Бардовци ќе се врши поорганизирано и похигиенски.
Имајќи разбирање за тешката економската состојбата во државата, со единствена цел да им помогне на своите граѓани, тезгите што ги обезбеди општината им ги даде на продавачите на привремено користење и без надомест, се вели во соопштението од Општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.