| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија воведува азил на одредено време

азил

Австриската Влада договори воведување азил на одредено време, кој ќе стапи во сила од средината на овој месец и азилантите тој статус ќе можат да го имаат максимално три години.

Новите правила, кои ќе бидат применети при одлучување за молбите за добивање азил во Австрија ќе бидат применети од 15 ноември.

Доколку ситуацијата во земјата на потекло на азилантите во тој период се стабилизира бегалците би морале да ја напуштат Австрија.

Дури по истекот на тие три години ќе биде утврдено дали и натаму постојат причини за азил и дали  азилот ќе биде доделен на неограничено време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top