Амбер Роуз e поранешна стриптизета и поранешна девојка на раперот Канје Вест, денес хип-хоп изведувач, мајка на Себастијан и сопруга на Виз Калифа, која неодамна објави книга во која сподели неколку свои совети за сексот.
Амбер зборува од сопствено искуство без влакна на јазикот и со другите жени ги споделува своите животни лекции за тоа како да го добијат тоа што го сакаат.
Ова се најдобрите 5 секс-совети од нејзината книга:
1. Жени, покажете што сакате затоа што мажите не знаат да читаат мисли
Поранешната стриптизерка вели дека не треба да се лаже, а тоа важи за сите сегменти од животот – посебно во сексот. Затоа е важно јасно да се покаже што сакате, и не треба да го правите само тоа што мажот го сака. Сексот е за уживање и игра.
2. Како на мажот да му се пружи орално уживање?
„Немојте премногу да размислувате за тоа, знам дека многу жени размислуваат за тоа колку грдо изгледаат додека го работат тоа. Престанете, затоа што мажите тоа воопшто не го гледаат“, вели Роуз.
3. Никогаш не испраќајте свои голи фотки
Верувале или не, Амбер Роуз никогаш не се сликала гола додека флертувала со некој дечко – „Навистина сметам дека не треба да ги испраќате вашите голи фотки затоа што кога ќе сопрете со тоа, тој идиот веројатно ќе ги објави на интернет“.
4. Секс за една вечер? Само ако навистина го сакате тоа
Нема ништо лошо во мала авантура, но задолжително користете заштита, а вистинската “Bad Bitch” знае што сака и како да го добие тоа. Мажите сакаат кога жената ќе ги изненади и за промена, кога таа им приоѓа прва.
Заведувајте со очите, чувствувајте се пријатно во сопствената кожа и секогаш засилувајте ја сексуалната желба носејќи секси долна облека, па дури и кога сте сами дома. “Bad Bitch” на никого не треба да му нуди оправдувања!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.