Моќта според хороскопските знаци доаѓа од индивидуалните елементи кои им даваат на лидерите силни карактеристики.
Ова се четирите најмоќни хороскопски знаци (од секоја група по еден лидер), иако и тие имаат свои слабости.
Овен
Како и оганот, Овните пуштаат искри полни енергија. Постојано сакаат акција, да бидат забавувани, а кога им е здодевно едноставно ве избегнуваат. Понекогаш знаат да бидат алчни, секогаш си ја чуваат својата територија, упорни се и секогаш го остваруваат она што го зацртале. Овенот никогаш не остава ништо во туѓи раце.
Водолија
Тие не се замараат со емоции, нивните чувства се под контрола или ги игнорираат комплетно. Љубопитни се и се борат за се’ што ќе им привлече и најмало внимание. Ако тие велат дека небото е црвено, никој не може да им го докаже спротивното. Веруваат во себе и имаат голем степен на самодоверба.
Скорпија
Астролозите често дискутираат дали Скорпијата е најмоќниот знак од сите 12 или се природно лојални предавници. Скорпиите ја покажуваат својата прекрасна лојална страна само на оние кои го заслужуваат тоа. Ако ги предадете, тие стануваат емоционално агресивни. Исто како и водата, тие можат или да ве релаксираат или да се разбрануваат и да ве вовлечат длабоко на нивна страна. Секогаш знаат многу повеќе отколку што вие мислите, но најчесто ги кријат и чуваат информациите додека немаат потреба да ги искористат.
Јарец
Тие знаат во што се супериорни. Обично се однесуваат најзрело од сите знаци во Зодијакот од причина што први стекнуваат самодоверба и созреваат порано. Темпераментни, но знаат како се одвиваат работите во животот. Имаат неверојатна моќ за дисциплина, ги знаат границите во се и секогаш се умерени. Нивната цел не е завршување на работите, туку остварување на целите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.