Легендата на Манчестер Јунајтед Теди Шерингам, кој сега е прв тренер на четвртолигашот Стивениџ, ќе го облече дресот на овој клуб против нисколигашот Велвин Гарден.
Тој ќе биде тренер-играч на 49-годишна возраст, а покрај него тоа ќе го направи и неговиот асистент Кевин Вотсон, кој има 41 година. Дали нивното реактивирање ќе остане само за Купот или ќе играат и во Лига 2, ќе се знае наскоро.
Последниот официјален натпревар што го одигра Шерингам во неговата кариера беше уште во 2008 година кога настапуваше за Колчестер.
Да биде иронијата уште поголема, стрелецот на еден од головите во финалето на ЛШ пред 16 години е мало дете во однос на голманот на Стивениџ, Дејв Бесант кој беше регистриран на 56-годишна возраст и минатата сезона седеше на клупата на натпреварите од плеј офот за пласман во повисок ранг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст