Вчера се одржа креативна работилница во домот за деца без родители „11 Октомври“, која беше организирана од страна на здружението „Инер вел“ (Inner Wheel) Скопје во сoработка со aкадемик Катица Ќулафкова.
На вчерашната работилница дечињата од домот имаа за задача да напишат интересни афоризми, кои се инспирирарни од нивните желби, емоции или секојдневни настани. За нивната мисла да тече беспрекорно се потруди академик Ќулафкова, која му посвети внимание на секое дете посебно. Овој проект е направен со цел на лесен и интересен начин да се поттикне кретивното размислување и пишување на децата од домот без родители.
Работилницата ја отвори директорката на домот Ристенка Атнасова, потоа се обрати претседателот на здружението Џулијана Секуловска со инспиративен говор за помагање на тие на кои им е најпотребно.
Напишаните афоризми ќе бидат изработени во форма на картички, кои ќе може да се најдат во градските кафулиња. Со купувањето на картичка со уникатен афоризам се донираат парични средства, кои потоа ќе се искористат за потребите на дечињата од домот.
Здружението е достапно на приближно 100 географски локации низ светот меѓу кои и Скопје. Секој клуб дава свој придонес во локалните заедници и надвор од националните граници. Мисијата на клубот е да промовира активности, услуги и позитивна практика, со цел подобрување на животите на жените и на децата во светот, преку глоблна мрежа на членки, кои донираат на волонтерска основа- средства, посветеност и љубов кон другите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст






