Најдобриот светски фудбалер Крстијано Роналдо не ја исклучува можноста до крајот на својата кариера да заигра за друг клуб. За него се заинтересирани големи богати клубови, кои не жалат пари да го видат во своите редови. Роналдо ова лето се поврзуваше со враќање во Манчестер Јунајтед од каде што си замина во 2009 година, но и богатиот француски клуб ПСЖ, која сака да направи суперсилен состав за да може да атакува на пехарот во Лигата на шампионите.
Според зборовите на 30-годишниот Португалец во фудбалот сè е непредвидливо.
– Може ли да го напуштам Реал? Зошто да не. Сега играм за Реал, но во фудбалот никогаш не знаете што може да се случи. Мора да го работите она што ве прави среќен. Никој не знае што може да се случи утре – истакна Роналдо за германскиот магазин „Кикер“.
Роналдо, кој во Мадрид пристигна во 2009 година од Манчестер јунајтед, е најдобар стрелец во историјата на „кралевите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)