| четврток, 6 декември 2018 |

Нов тренд – тетовирање очи (фотогалерија)

Тетоважите одамна се секојдневна појава, а од неодамна има нов тренд – тетовирање на белките на очите. Овој тренд зема замав во САД.

Прв кој оваа бизарност ја примени на себе беше американскиот мајстор за тетоважа кој се служи со псевдонимот Луна Кобра.

Тој успеал да ги наговори своите пријатели на нив да ја испроба оваа техника, а потоа по социјалните мрежи ја промовираше оваа техника која стана нов моден тренд.

За да се обојат белките во окото тој со инјекција вбризгува пигменти по избор во горниот слој на окотот. За цело боење на белката се потребни четири вакви третмани. Здруженито на американските офтамолози ја осуди оваа пракса, истакнувајќи дека може да дојде до слепило и инфекција која може да се прошири на другите делови на телото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top